Проектот за младинска независност со своите активности насочени кон млади луѓе има за цел да придонесе за младинскиот активизам и вклученост преку поддршка и промоција на финансиската, политичката и културната самостојност на младите луѓе. Ова ќе се постигне преку оспособување на младите со знаења и вештини кои ќе ги направат полегитимни на пазарот на трудот од останатите нивни врсници. Овој проект на младите им овозможува зголемување на можностите за вработување преку обуките и тренинзите овој проект ги нуди. Истовремено ќе се поттикнува и младинскиот активизам преку креирање на одржливи ресурси за квалитетен општествено-културен живот.
За реализација на целите на овој проект ќе се отворат 5 Младински центри во 5 града во Македонија (Скопје, Штип, Тетово, Битола, Струга). Секој од центрите се состои од 2 дела. Првиот дел претставуваат тренинзи за помош при вработување со кои на младите луѓе ќе им се овозможи да стекнат вештини со кои би биле поконкурентни на пазарот на труд. Вториот дел опфаќа младински активизам и партиципација, каде што Младинските центри ќе треба да дејствуваат како локални ресурсни центри во процесот на вклучување на младите луѓе. Младите ќе имаат можност да се вклучат во групи за комуникација и јавно говорење или група за визуелни и сценски уметности. Учесниците во овие групи ќе имаат можност да креираат голем број на јавни настани со цел да ја промовираат слободата на изразување, индивидуализмот и независноста. Тие настани може да бидат: јавни дискусии и конференции, уметнички изведби, фестивали, онлајн кампањи и слично. Една од главните и поважни функции на секој од Младинските центри ќе биде да служат како центри за помош при вработување на младите луѓе нудејки им обуkи за мотивација и CV, информирање на младите како и помош при аплицирање за работа.
Така, со проектните активности на младите ќе им биде дадена професионална поддршка, но истовремено и доволно простор и содржини за да можат активно и на креативен начин да се вклучат во општествените процеси.
Како резултат на проекот, се очекува младите луѓе да се здобијат со знаења и алатки кои ќе им помогнат успешно да ги канализираат своите идеи и да поттикнат позитивни општествени промени. Младите луѓе преку многубројните обуки и тренинзи ќе се стекнат со доволно самодоверба за да можат самостојно да се активираат во повеќе области, вклучувајќи го и самовработувањето.



